По повеќе недели секојдневни собири, граѓаните кои бараат трајно решение за дивата депонија Вардариште најавија интензивирање на протестите. Преку социјалните мрежи, тие информираа дека денеска ќе влезат во нова, порадикална фаза на изразување на револтот, со целосна блокада на мостот „Близнак“.
Блокадата, како што е најавено, ќе се одржи во периодот од 15 до 18 часот.
Жителите на Аеродром, Ново Лисиче и околните населби го продолжуваат својот притисок врз институциите поради неподносливата миризба и загадениот воздух кои со недели доаѓаат од депонијата.
Протестите беа иницирани по последниот голем пожар на Вардариште, кој освен што со денови го загадуваше воздухот, предизвика и прекин во снабдувањето со електрична енергија во повеќе скопски населби.
Читај и ова:
- 1.Она што Германците го избегаваат, Балканците го купуваат: Половни автомобили би можеле да ги преплават патиштата поради една регулатива
- 2.Нуркачи влегоа во црква стара 460 години: Поплавена и покрај јавниот протест во 2016 година
- 3.Дневен хороскоп за 5 октомври 2025 година
- 4.Превртен камион на обиколницата кај Смиљковци
- 5.Зајкова на Скопски маратон: Не трчаме само за гласови, трчаме за иднината