Македонија

Студен бран ја погоди Македонија: По обилен дожд, утре можен е снег и во некои населени места, температурите паѓаат под нулата за викендот

Студен бран ја погоди Македонија: По обилен дожд, утре можен е снег и во некои населени места, температурите паѓаат под нулата за викендот

Студен бран од северните делови на континентот донесе драстичен пад на температурите, обилни врнежи од дожд и прв снег на планините низ Македонија. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека утре постојат услови врнежите од дожд да преминат во снег и во некои од повисоките населени места, а за време на викендот се очекуваат утрински температури под нулата.

Времето денеска е облачно и студено, со максимални температури кои се движат во интервал од само 4 до 11 степени. Врнежите од дожд се пообилни, а на планините веќе се формира првата снежна покривка. Дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Слично време се очекува и утре, кога температурите дополнително ќе се спуштат. Максималната температура во Скопје ќе достигне само 9 степени, во Прилеп и Охрид 7, додека во Маврово ќе биде најмногу 4 степени, со минимална температура од -2 степени.

Според најавите на УХМР, од овој влажен и студен бран, на повеќе места во државата се очекува да наврнат вкупно над 50 литри дожд на метар квадратен.

За време на викендот, времето ќе се стабилизира и ќе биде претежно сончево, но утрата ќе бидат многу студени со температури кои ќе се движат од -2 до 6 степени. Дневните температури, сепак, ќе бидат во благ пораст и ќе достигнат до 18 степени во недела.

Поврзана објаваДо кога ќе врне? Детална временска прогноза за следните 14 дена

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни