По поплавата: Еве каква е состојбата во Бугарија

Поплавите во соседна Бугарија, поточно во местото Елените однесоа и четврта жртва.

Поплавата, која предизвика огромна штета, одзеде животи и поплави во неколку одморалишта долж брегот на Црното Море.

Граѓаните за бугарските медиуми велат дека погледот овде го опишуваат како во хорор филм.

Како што велат, насекаде има кал, вода, а патиштата се срушени. Има штети – и во домовите на луѓето и во хотелите – првите катови се поплавени. Има паднати дрвја на патиштата и штети на автомобили.

Работите за одводнување и безбедност започнаа вчера во Елените, а денес активностите ќе продолжат, а волонтери ќе се приклучат на тимовите.

Над 200 луѓе се евакуирани, речиси сите се сместени во одморалиштето Свети Влас.

Тие велат дека не знаат кога или дали ќе можат да се вратат во своите домови. Дозволено им е да дојдат само на кратко, само за да ги земат најважните работи од багажот со кои ќе живеат во наредните денови.

Се очекува во понеделник да започне увид на лице место за да се утврди дали имало нелегална градба, а причините што доведоа до поплавата сè уште не се утврдени.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.