Министерството за здравство ја информира јавноста дека започна со работа оперативна група и работни подгрупи за унапредување на одговорот на здравствениот сектор на насилство врз жени, девојчиња и деца.
Работната група има за цел зајакнување на испораката на здравствени услуги и капацитетите на здравствените работници за одговор на насилство врз жени, девојчиња и деца, согласно стандардите на СЗО и препораките на ГРЕВИО.
Оперативната група ќе ја координира, управува и ќе ги имплементира задачите и активностите на следните работни подгрупи за:
1.Изработка на Национална програма за зајакнување на одговорот на здравствениот сектор на насилство врз жени, девојчиња и деца.
2.Изработка на клиничко упатство/протокол за здравствени работници.
3.Развој на програма за почетна и континуирана медицинска едукација.
4.Прибирање податоци за жени жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство.
Овие активности произлегуваат од надлежностите на Министерството за здравство утврдени во Законот за заштита од насилство врз жените и семејно насилство („Службен весник бр. 24 од 29 јануари 2021 година“, член 19).
Координаторот на Оперативната група, со цел обезбедување дополнителна експертиза во специфични области, може да покани експерти/претставници од следниве институции:
1. Министерство за здравство
2. Министерство за внатрешни работи
3. Министерство за правда
4. Министерство за образование и наука
5. Министерство за труд и социјална политика
6. Јавно/основно обвинителство
7. Дирекција за е-здравство
8. Институт за јавно здравје
9. Центри за јавно здравје
10. Институт за мајка и дете
11. Универзитетски клиники
12. Медицински факултет
13. Државен здравствен и санитарен инспекторат
14. Државен завод за статистика
15. Здравствени домови – Итна медицинска помош
16. Црвен крст на Република Северна Македонија
17. Здруженија на лекари и медицински сестри
18. Граѓански организации (НВО)
19. Агенции на Обединетите нации
Членовите на Оперативната група за одговор на здравствениот сектор на насилство врз жени, девојчиња и деца ќе се именуваат на период од три години.
Оперативната група ќе се состанува најмалку два пати месечно за да го следи напредокот и да дискутира за потребни нови ажурирања.
Оперативната група ќе поднесува извештаи до Министерот за здравство на квартално ниво, како и годишни извештаи кои ќе бидат споделени со релевантните институции и јавноста.
Читај и ова:
- 1.Нуркачи влегоа во црква стара 460 години: Поплавена и покрај јавниот протест во 2016 година
- 2.Она што Германците го избегаваат, Балканците го купуваат: Половни автомобили би можеле да ги преплават патиштата поради една регулатива
- 3.Дневен хороскоп за 5 октомври 2025 година
- 4.Зајкова на Скопски маратон: Не трчаме само за гласови, трчаме за иднината
- 5.Превртен камион на обиколницата кај Смиљковци