Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази длабоко сочувство до бугарскиот народ поради катастрофалната поплава што ја погоди соседната земја.
„Веста за катастрофалната поплава длабоко ме вознемири мене и сите македонски граѓани. Солидарни сме со вас и со бугарскиот народ. Жалиме за жртвите и на нивните најблиски им изразуваме искрено сочувство. Со вас сме во овие тешки моменти и ги доживуваме како свои,“ напиша претседателката на социјалната мрежа X (поранешен Twitter), упатувајќи порака и до бугарскиот претседател преку означување на неговиот профил @PresidentOfBg.
Од Кабинетот на претседателката информираа дека Северна Македонија е подготвена да понуди помош и поддршка на бугарските власти, доколку биде побарана.