Се огласи Заев за куферчињата со пари од поранешен бугарски премиер

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на, како што вели, „неоснованите обвинувања и лаги“ од страна на премиерот Христијан Мицкоски.

„Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата што му ја нанесува на целиот државен систем,“ напиша Заев.

Тој посочи дека неспособноста на Мицкоски да испорача резултати во која било општествена или политичка сфера, во комбинација со, како што рече, „неговата самобендисаност и аздисаност“, ќе го одведе во политичка провалија. „Но ќе мораме да внимаваме да не ја повлече и државата со себе,“ додаде Заев.

Во објавата, тој категорично ги отфрли тврдењата на Мицкоски за наводни „куферчиња со пари од поранешен бугарски премиер“, оценувајќи ги како „невистини и очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси“.

„А кога сме кај куферите, видовме на снимките што самите ги објавија дека вистински експерти за куфери со пари се неговите поддржувачи и финансиери — оние за кои самиот се фалеше дека му ги плаќале сметките за струја во Белата палата, несудени бугарски конзули и осудени криминалци,“ порача Заев.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.