Без да им страдаат пензиите, од Нова година сите работоспособни пензионери ќе можат да работат, најави министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.
„Законот ќе стапи на сила од 1 јануари 2026 година“, изјави Велковски.
Тој посочи дека во моментов се работи на измена која ќе овозможи пензионерите кои работат да ја примаат пензијата редовно, а истовремено да бидат пријавени и за здравствено осигурување.