Македонија

ВИДЕО Објавена снимка од пукањето во Куманово

ВИДЕО Објавена снимка од пукањето во Куманово

Телевизија 21 објави снимка од вооружениот инцидент што се случи попладнево во Куманово.

На видеото се гледа моментот на пукањето, а властите продолжуваат со истрага за случајот и обезбедување на местото на настанот.

Повредениот Зекирија Шаини е вработен на скопската Клиника за пулмологија и носител на советничката листа на ДУИ во општина Липково.

Директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Игор Мерџановски, соопшти дека на клиниката бил донесен 43-годишен пациент со огнострелни повреди на левата надлактица и десната подколеница и дека пациентот е вон животна опасност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни