Македонија

Цариниците на Богородица спречија криумчарење 11 златни монети вредни над половина милион денари

Цариниците на Богородица спречија криумчарење 11 златни монети вредни над половина милион денари

На граничен премин Богородица спречено е криумчарење на 11 златни монети со вкупна тежина од 71 грам и со вкупна вредност од 567 илјади денари. Од страна на Одделението за истраги, против едно лице до Основното јавно обвинителство Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.

Осомничената, македонска државјанка, патувала со автобус на релација Истанбул – Тетово. Златните монети ги сокрила во жолта торбичка ставена во својата чанта, со намера да избегне царинска контрола и да избегне плаќање давачки кон државата во износ од 149 илјади денари.

Благодарение на вниманието и професионализмот на царинските службеници, обидот за криумчарење бил навреме откриен и спречен, по што случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги. По преземање предистражни дејствија поднесена е кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

Царинската управа останува посветена на строг надзор и контрола на граничните премини, со цел спречување на криумчарење и заштита на финансиските интереси на државата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни