Македонија

Лекарската комора од понеделник ќе го разгледа случајот со д-р Игор Кузмановски

Лекарската комора од понеделник ќе го разгледа случајот со д-р Игор Кузмановски

Лекарската комора на Македонија соопшти дека со загриженост ги следи информациите поврзани со д-р Игор Кузмановски и најави дека во најскоро време ќе го разгледа случајот.

„Докторската професија има специфична димензија која налага високо етичко и морално однесување,“ наведуваат од Комората, додавајќи дека органите и телата на институцијата ќе постапат согласно своите надлежности по утврдување на сите релевантни факти.

Од Лекарската комора нагласуваат дека по разгледувањето на случајот ќе биде донесена одлука за натамошните чекори што ќе се преземат.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни