Македонија

Завршена акцијата против лихварите: Осуммина во притвор, тројца во куќен притвор!

Завршена акцијата против лихварите: Осуммина во притвор, тројца во куќен притвор!

Акцијата на надлежните органи насочена кон откривање и процесуирање на лица осомничени за лихварство е завршена.

Според информациите, исходот од акцијата е следен: осум лица се во притвор, три лица се во куќен притвор, додека едно лице, кое моментално е недостапно на органите на прогонот, има изречена мерка притвор по негово пронаоѓање.

Со оваа акција, надлежните институции најавуваат дека продолжуваат со засилени активности за сузбивање на лихварството и финансискиот криминал, со цел заштита на граѓаните и јакнење на владеењето на правото.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни