Тројца кинески државјани се уапсени во Грузија поради обид за купување два килограми ураниум, соопштија денес грузиските власти.
„Тројца кинески државјани се уапсени во Тбилиси додека се обидувале нелегално да купат два килограми нуклеарен материјал – ураниум“, соопшти безбедносната служба, додавајќи дека членовите на криминалната група планирале да платат 344.000 евра за ураниумот.
Осомничените планирале да го транспортираат ураниумот во Кина преку Русија. Грузиската безбедносна служба објави и видео од апсењето.
Кинески државјанин кој веќе бил во Грузија, кршејќи ги прописите за виза, донел експерти во Грузија за да бараат ураниум низ целата земја.
Други членови на криминалната група ја координирале операцијата од Кина.
Сторителите биле идентификувани и приведени додека „ги преговарале деталите за нелегалната трансакција“, соопшти безбедносната служба.
Не прецизирало кога се случиле апсењата и не ги објавило идентитетите на осомничените.