Македонија

ВИДЕО Рис качен на дрво снимен во шума во кичевско

ВИДЕО Рис качен на дрво снимен во шума во кичевско

Во шума во кичевско е забележан балкански рис, кој е снимен на дрво, објави здружението „Еко Фазан“.

„Магична средба со балканскиот рис меѓу боите на есента. Снимено од Љутфи Османи, член на здружението „Еко Фазан“. Присуството на овој редок предатор го докажува природното богатство и дисциплината на нашето здружение“, се наведува во соопштението на здружението, кое ја објави снимката.

Ова е редок момент што ја истакнува убавината на природата во регионот и значењето на зачувувањето на дивите животни.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни