Македонија

Изјавата на Заев, реагира ЛГБТ заедницата и новинарите – „Заев да се извини без оправдувања“

„Се разбира нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ме извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа Влада од власт“. Ова контроверзна изјава на премиерот Зоран Заев предизвика многу реакции во јавноста. Најгласни беа новинарите и поддржувачите на ЛГБТ заедницата. Тие очекуваат премиерот јавно да се извини, а тој се извини преку својот твитер профил.

Националната мрежа против хомофобија  и трансфобија, бара од премиерот да се извини без да се оправда. Тие велат дека штетата е направена но, бараат да се промовираат нивните права поради тоа што ЛГБТ заедницата секој ден се соочува со дискриминација.

Синдикатот на независни новинари апелира до премиерот да биде внимателен што зборува за новинарите. А од ЗНМ велат дека изјавата на премиерот може да поттикне насилство кон новинарите.

Советот за етика изјавата на Заев ја нарече како несоодветна за еден јавен функционер. Новинарот Бранко Геровски, во фејсбук напиша дека се чувствува загрозен. Тој вели дека изјавата на Заев е заканувачка и дека треба лично да му се извини.

РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни