Свет

ВИДЕО Обид за киднапирање на руски репрезентативец, објавена нова снимка!

ВИДЕО Обид за киднапирање на руски репрезентативец, објавена нова снимка!

Фудбалерот на Зенит Санкт Петербург и руски репрезентативец Андреј Мостовој (27) за малку избегна киднапирање, потврди руската полиција.

Инцидентот се случил на 23 октомври, а неколку осомничени се приведени.

Сега се појави снимка од обидот за киднапирање, погледнете како изгледал подолу:

Според истрагата, неколку напаѓачи го пресретнале Мостовој на сред улица и се обиделе на сила да го внесат во автомобил, но благодарение на брзата реакција на минувачите, обидот за киднапирање бил спречен. За среќа, фудбалерот избегал без повреди.

Мостовој е член на Зенит од 2019 година и досега одиграл 192 натпревари за клубот, постигнувајќи 40 гола и запишувајќи 21 асистенција, додека дресот на руската репрезентација го носел 20 пати.

Само два дена по обидот за киднапирање на Мостовој, сличен инцидент се случи во Санкт Петербург – овој пат жртвата беше бизнисмен. Напаѓачите успеаја да го натераат да влезе во автомобил, а откако тој плати откуп, го ослободија.

Полицијата брзо ги пронајде сторителите и уапси четворица осомничени, но нема официјална потврда дека двата случаи се поврзани, иако има многу слични детали.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни