Македонија

Започна изборниот молк за вториот круг од Локалните избори 2025 година

Започна изборниот молк за вториот круг од Локалните избори 2025 година

Од вечерва на полноќ официјално започнува изборниот молк за вториот круг од Локалните избори, кој ќе трае до 19 часот на 2 ноември 2025 година.

За време на изборниот молк, медиумите можат да известуваат за текот на изборниот процес, но се забранети сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во кампањата.

Според Изборниот законик, прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио или аудиовизуелни материјали поврзани со кандидатите и политичките субјекти, како и какви било медиумски содржини кои отворено или прикриено делуваат во корист на одредена кампања и можат да влијаат врз одлуката на гласачите.

Дополнително, се забранети податоци кои ја откриваат идентификацијата на политички субјекти или лица поврзани со инциденти или неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати, претставници на политички партии и носители на јавни функции.

Граѓаните се повикуваат да ги почитуваат правилата на изборниот молк и да го остварат своето право на глас на демократски и законски начин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни