Македонија

Возило удри 10-годишно девојче во Кичево – со тешки повреди пренесено во болница

Возило удри 10-годишно девојче во Кичево – со тешки повреди пренесено во болница

На 30.10.2025 во 07:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од лице на (60) од с.Другово, кичевско, удрило во 10-годишна малолетничка од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни