Македонија

ДИК: Излезноста до 18:30 часот изнесува 40,45%

ДИК: Излезноста до 18:30 часот изнесува 40,45%

Државната изборна комисија (ДИК) го соопшти последниот пресек на излезноста до 18:30 часот за денешниот втор круг од локалните избори во 2025 година.

Според информациите на ДИК, на половина час пред затворањето на избирачките места, излезноста на територијата на целата земја изнесува 40,45%. Од вкупно 1.013.357 избирачи, со обработени 987.174 гласачи, на гласање излегле 399.319 граѓани.

Најниска излезност е забележана во скопските општини Сарај (11,45%) и Чаир (13,7%), додека најголема е во Росоман (77,51%).

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни