Македонија

Адеми: И покрај незаконската кампања која вклучуваше купување гласови, граѓаните покажаа зрелост!

Адеми: И покрај незаконската кампања која вклучуваше купување гласови, граѓаните покажаа зрелост!

Пратеникот Арбер Адеми, во име на Демократската унија за интеграција (ДУИ), се заблагодари на сите граѓани и припадници на дијаспората кои учествуваа на локалните избори. Тој нагласи дека изборниот процес бил повеќе од обична локална трка, туку „тест на политичкиот и моралниот карактер на државата“.

Адеми истакна дека, и покрај, како што рече, нечесна и незаконска кампања која вклучувала купување гласови и вмешаност на државниот апарат, граѓаните покажале зрелост и не дозволиле резултатот да биде искривен. „Сведоци сме на изборен асфалт, ноќно бетонирање и други нерегуларности, но граѓаните знаат да препознаат и го заштитуваат правото на глас,“ рече тој.

Тој апелираше до членовите на Државната изборна комисија (ДИК), набљудувачите и сите институции да постапуваат чесно и одговорно: „Во оваа чувствителна фаза, секој член на ДИК, секој набљудувач и институција треба да ја гарантираат слободната волја на граѓаните и интегритетот на изборниот процес. Секој глас е свет, а мешањето во него е мешање во иднината на државата.“

Адеми додаде дека патот на ДУИ останува јасен – патот на демократијата и евроинтеграциите на државата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни