Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва започна со објавување на првични и неофицијални резултати од гласањето на Локалните избори 2025, врз основа на податоци собрани од нивните општински изборни штабови.
Според овие податоци, во трката за градоначалник на Град Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е во водство со освоени 34.734 гласови. По него, според истиот извор, е кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, со освоени 16.835 гласови.
Во Кочани, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, води со 1.754 гласови. Независниот кандидат Венко Крстевски, според податоците на ВМРО-ДПМНЕ, има освоено 13% од гласовите.
Од партијата нагласуваат дека се работи за првични резултати. Во текот на вечерта се очекуваат и официјалните податоци од Државната изборна комисија (ДИК).
Град СКопје
ВМРО-ДПМНЕ 34.734
Левица 16.835
Аеродром
ВМРО-ДПМНЕ 4130
СДСМ 1560
Карпош
ВМРО-ДПМНЕ 4750
Стевче 3914
Дојран
ВМРО-ДПМНЕ 806
СДСМ 406
Кочани
ВМРО-ДПМНЕ 1754
Венко 891
Чучер Сандево
ВМРО-ДПМНЕ 1020
СДСМ 610
Долнени
ВМРО-ДПМНЕ 1414
ВЛЕН 502