Македонија

ДИК: Гласањето помина без никакви проблеми и потешкотии, излезеноста 45,71 отсто

ДИК: Гласањето помина без никакви проблеми и потешкотии, излезеноста 45,71 отсто

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека точно во 19:00 часот беа затворени сите избирачки места за вториот круг на Локалните избори 2025 година, согласно Изборниот закон. Гласањето се одвиваше непречено, без никакви проблеми или потешкотии, а на сите граѓани им беше овозможено правото на глас, истакна претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Според досега обработените податоци, на 97,60% од избирачките места, излезеноста изнесува 45,71% на ниво на целата држава, што значи дека гласале 325.691 граѓани од вкупно 1.013.357 запишани во избирачкиот список. Во Град Скопје до 18:30 часот излезеноста изнесува 33,82%.

Од 19:00 часот избирачките одбори започнаа со отворање на гласачките кутии и броење на ливчињата. Конечната излезеност ќе биде соопштена по 23:00 часот, за време на последната прес-конференција, каде ќе бидат објавени првичните неофицијални резултати добиени електронски од секое избирачко место.

Кондарко додаде дека ДИК преку своите овластени тимови ќе го набљудува непосредно броењето на резултатите и составувањето на записниците во повеќе избирачки места низ различни општини.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни