Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), кандидатите на коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ водат во повеќе општини и во Град Скопје.
Во Скопје, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност со 62,65% од гласовите (53.171), додека Амар Мециновиќ од Левица има 32,16% или 27.294 гласа.
Во општина Аеродром, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ води со 68,77%, додека кандидатот на СДСМ доби 25,54%. Во Пробиштип и Кочани, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ исто така имаат убедлива предност со 65,34% и 53,04%, соодветно.
Во Валандово, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ доби 51,04% од гласовите, над кандидатот на СДСМ со 45,85%. Во Виница, Митко Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ води со 60,32%, додека кандидатот на СДСМ засега има 33,86%.
Во Боговиње и Брвеница кандидатите на коалицијата ВЛЕН се во водство, соодветно 56,42% и 70,95%, додека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат помал број гласови.
Во Карпош, Стевчо Јакимовски од коалицијата „Искуство за успех“ има 43,88%, во споредба со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски кој има повеќе односно има 46,79%, според првичните податоци.
Во Шуто Оризари, Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ има 38,85%, додека Курто Дудуш од Унија на Роми има 56,74% од гласовите.
Во Чучер Сандево, Зоран Бајовски од ВМРО-ДПМНЕ води со 60,70%, додека кандидатот на СДСМ Сашко Комненовиќ има 35,88%.
Во Центар, кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски води со 51,31%, додека Миорслав Лабудовиќ од Движење ЗНАМ има 39,93%.
Овие податоци се првични, и се очекува ДИК во текот на вечерта да ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори.