Македонија

Левица: Амар Мециновиќ води на некои избирачки места во Град Скопје

Левица: Амар Мециновиќ води на некои избирачки места во Град Скопје

По завршувањето на гласањето во вториот круг на локалните избори, Левица одржа прес-конференција на која ги презентираше првичните информации од теренот. Портпаролот Круме Богоевски истакна дека нивниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, има предност на одредени избирачки места во однос на противкандидатот Ѓорѓиевски.

„Помина денот од вториот круг за локалните избори, каде за првпат Левица имаше свој кандидат. Задоволни сме од излезноста, исклучок Сарај и Чаир, а има наводи за поткуп за граѓаните да не излезат на гласање. Во однос на резултатите, во овој изборен процес се обидовме да покриеме максимален број на избирачки места. Во текот на изборен ден, најголем дел пријави беа нефункционалноста на електронската идентификација на гласачи, па продолжи со УВ лампи. Во однос на резултатите, нашите набљудувачи веќе нè известуваат, и во некои од изборните места има мртва трка меѓу кандидатите. Засега знаеме дека во Општините Чаир и во Центар имаме водство. Во некои избирачки места во Кисела Вода, од каде е актуелниот градоначалник, имаме водство, што ја отсликува волјата на народот“, изјави Богоевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни