На вечерната прес-конференција по завршувањето на вториот круг од Локалните избори 2025, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитки до сите граѓани за учеството на изборите.
Според него, СДСМ обезбедила победа во општините Центар, Македонска Каменица и Зрновци, а истакна дека се очекуваат дополнителни резултати од другите општини.
„Честитки до сите градоначалници од сите партии“, рече Филипче, додавајќи дека во текот на изборниот процес се вршел голем притисок врз кандидатите, при што, како што нагласи, „не се бираа ни средства ни методи“. Тој подвлече дека борбата против ВМРО-ДПМНЕ продолжува.
На прашањето од новинарите дали ќе поднесе оставка, Филипче кратко одговори: „НЕ“.