Македонија

ВИДЕО Курто Дудуш прогласи победа во Шуто Оризари!

ВИДЕО Курто Дудуш прогласи победа во Шуто Оризари!

Општина Шуто Оризари го доби својот нов/стар градоначалник. Курто Дудуш од Унијата на Роми, со освоени 50,50% од гласовите, обезбеди победа.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), Дудуш освои 3.354 гласа, со што тесно ја премина границата од 50% потребна за победа во прв круг.

Неговиот противкандидат, Ерџан Демир од Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освои 45,03% или 2.991 глас.

Иако разликата е мала, Курто Дудуш официјално прогласи победа и добива нов мандат да ја предводи општината, елиминирајќи ја потребата од втор изборен круг. Резултатите се добиени по обработка на 88,68% од гласачките места.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни