Македонија

Седница на ДКСК: Се подготвува новата Национална стратегија, на маса и извештај за медиумското претставување во Изборниот законик

Седница на ДКСК: Се подготвува новата Национална стратегија, на маса и извештај за медиумското претставување во Изборниот законик

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи својата 24-та редовна седница.

Како што соопштија од ДКСК, главни точки на дневниот ред се подготовките за новиот стратешки документ на телото.

Членовите на комисијата ќе расправаат и треба да ја усвојат Проценката на ризици од корупција, која служи како основа за изработка на новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030. Покрај тоа, на дневен ред е и Методологијата за изготвување на истата стратегија.

Покрај стратешките документи, антикорупционерите ќе постапуваат и по конкретни изборни предмети, како и по други предмети од нивна надлежност.

Пред членовите ќе се најде и Извештајот од антикорупциска проверка на одредби од Изборниот законик. Станува збор за анализа на Глава VI од законикот, која се однесува на Изборната кампања, поточно делот со поднаслов „Медиумско претставување“ (од член 75 до член 76-д).

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни