Македонија

ИСТОРИСКИ НАЈНИСКА ИЗЛЕЗНОСТ: Локалните избори 2025 се први со одѕив под 50% во двата круга

ИСТОРИСКИ НАЈНИСКА ИЗЛЕЗНОСТ: Локалните избори 2025 се први со одѕив под 50% во двата круга

смоте локални избори во земјава ќе останат забележани по најниската излезност на гласачите од независноста досега. За првпат, одѕивот на граѓаните не ја надмина границата од 50 проценти ниту во првиот, ниту во вториот изборен круг.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), во првиот круг одѕивот на гласањето за градоначалници изнесуваше 48.30%. Од вкупно 1.832.415 регистрирани избирачи, гласале 885.085 граѓани.

Во вториот круг, кој се одржа вчера, излезноста беше уште пониска. Според првичните неофицијални податоци на ДИК, излезноста изнесува 41,24%.

Во вториот круг, најголема излезност е забележана во Росоман (79,68%) и Лозово (77,85%), додека најмала имало во Куманово (35,70%) и Шуто Оризари (32,03%).

Овогодинешните бројки го потврдуваат трендот на постојан пад на одѕивот на локалните избори:

  • Прв круг (споредба):
    • 2013: 67% (најголема излезност)
    • 2017: 60%
    • 2021: 50,57%
    • 2025: 48.30% (историски најниска)
  • Втор круг (споредба):
    • 2013: 65% (најголема излезност)
    • 2017: 52%
    • 2021: 50,69%
    • 2025: 41,24% (историски најниска)

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни