Балкан

Вучиќ: Ќе продолжам да се борам Хрка да го прекине штрајкот со глад, сакам да разговараме

Вучиќ: Ќе продолжам да се борам Хрка да го прекине штрајкот со глад, сакам да разговараме

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави вечерва дека ќе продолжи да се залага мајката на починатиот Стефан Хрка, Дијана Хрка, да го прекине штрајкот со глад и нагласи дека, за разлика од оние кои ја поддржуваат во продолжување на штрајкот, тој не може да дава поддршка на некого да умре.

„Мојата молба до госпоѓата Хрка сè уште важи. И по сè што изјави за мене и по сè што кажа вчера и денес. Секогаш сте добредојдени, секогаш можеме да разговараме. Не ми е проблем да дојдам и кај вас да разговарам. Само сакам да разговараме. Немам проблем дури и да ми викате сè она што го викате“, рече Вучиќ на ТВ Пинк обраќајќи ѝ се на Дијана Хрка.

Тој додаде дека тешко е таа да знае подобро од него кој му е татко, кој му е мајка, колку се бори за Србија и што сè направил, колку работел и се залагал.

Вучиќ истакна дека сигурно правел грешки и дека не е безгрешен, дека е само обичен човек.

„Можеби тие се безгрешни, јас не сум. Јас сум само обичен човек, ништо повеќе од тоа“, додаде претседателот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни