Македонија

ФОТО Се излеа реката во селото Лажец

ФОТО Се излеа реката во селото Лажец

Во текот на ноќта, реката во селото Лажец се излеа, предизвикувајќи штети на имотот на жителите. Некои куќи и помошни објекти биле поплавени, а дел од земјоделските површини се под вода.

Локалното население алармира дека ова не е првпат да се соочуваат со вакви проблеми, кои траат со години, и повикува на итни мерки за заштита и превенција од понатамошни поплави.

Жителите истакнуваат дека секоја година се соочуваат со истиот ризик, а недостатокот на соодветна инфраструктура и редовно одржување на коритото на реката ја зголемува опасноста од штети.

Тие апелираат до надлежните институции да интервенираат и да најдат долгорочно решение за заштита на селото.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни