Македонија

Трагедија на патот Валандово – Дојран: Женско лице од Кина загина, седум повредени во излетување на товарно возило

Трагедија на патот Валандово – Дојран: Женско лице од Кина загина, седум повредени во излетување на товарно возило

На 19.11.2025 околу 04:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Валандово – Дојран, товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од С.М.(52) од Србија, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди, на местото починало женско лице-мигрант од Кина, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено за обдукција.

Со повреди се здобиле уште седум лица-мигранти од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката.

Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош.

Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, изврши екипа од ОВР Гевгелија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни