Млада девојка од Србија пријави дека била жртва на полово вознемирување од страна на таксист во Скопје.
Според информациите од МВР, на 19 ноември 2025 година во 21:30 часот, 18-годишна девојка со привремен престој во Скопје пријавила дека околу 15:15 часот, додека се возела во такси возило на подрачјето на општина Гази Баба, таксистот ја допирал по телото и ја бакнал.
Од Министерството за внатрешни работи истакнуваат дека се преземаат сите неопходни мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителот.