Македонија

Прекинато водоснабдувањето во населените места од Кравари до граничниот премин Меџитлија

Прекинато водоснабдувањето во населените места од Кравари до граничниот премин Меџитлија

Јавното комунално претпријатие „Водовод Битола“ информира дека денес, 21.11.2025 година, водоснабдувањето е прекинато во населените места од Кравари до граничниот премин Меџитлија.

Од претпријатието посочуваат дека екипите на терен се соочуваат со потешкотии при лоцирање на дефектот поради неповолните временски услови и поплавените делови, што може да го продолжи времето потребно за интервенција.

ЈКП „Водовод Битола“ најави дека навреме ќе информира за текот на интервенцијата и за обновувањето на редовното водоснабдување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни