Свет

Колумбиските власти спасиле 17 деца од сектата „Лев Тахор“ – група која пред две години престојуваше и во Македонија

Колумбиските власти спасиле 17 деца од сектата „Лев Тахор“ – група која пред две години престојуваше и во Македонија

Колумбиските власти спасиле 17 деца од ултраортодоксната еврејска секта „Лев Тахор“, чиј членови се обвинети за сексуална злоупотреба и киднапирање малолетници во повеќе земји. Оваа група во 2022 година престојуваше и во Македонија, привлекувајќи силно медиумско внимание.

Директорката на колумбиската национална имиграциска служба, Глорија Есперанза Ариеро, за Associated Press потврди дека нејзината агенција испитува девет членови на сектата уапсени во неделата при инспекција на хотел. „Веројатно ќе бидат депортирани, бидејќи во Колумбија против нив нема издадени налози за апсење“, изјави Ариеро.

Поврзана објаваГраѓаните на Куманово вознемирени, велат има секта – Полицијата смирува: Се работи за верска заедница која има легален престој

Според неа, групата од 17 деца и девет возрасни пристигнала во Колумбија кон крајот на октомври и престојувала во хотел во малиот северозападен град Јарумал. Барале селско земјиште каде би основале нова локација на сектата.

За пет од децата, кои поседуваат американски и гватемалски пасоши, се издадени пет „жолти потерници“ на Интерпол – глобални аларми за исчезнати лица или потенцијални жртви на киднапирање.

Ариеро објасни дека службите реагирале откако жители пријавиле присуство на сектата во Yарумал. „Позитивно е што стигнавме до децата пред да формираат комплекс, бидејќи тогаш ќе ни требаше судска наредба за претрес“, изјави таа. Имиграциската служба во Колумбија има надлежност за проверки во хотели и за легалноста на престојот на странците.

Групата „Лев Тахор“ пред пристигнувањето во Колумбија се задржала во БиХ, по што дојде во Македонија. Прво се смести во куќа во Куманово, но по реакции на дел од локалните жители се пресели во Скопје, а потоа во Лакочереј, каде остана две недели. Членовите на групата имаа право на престој во Македонија до 90 дена од влезот.

Поврзана објава„ЛЕВ ТАХОР“ ОД СИНОЌА Е ВО ОХРИД – полицијата ги донела во селото Горно Лакочереј

Секта со долга историја на судски постапки

„Лев Тахор“ со години е под истрага во бројни земји. Во Гватемала минатата година полицијата изврши претрес во нивниот комплекс по пријави за сексуална злоупотреба, при што под заштита беа ставени најмалку 160 малолетници и 40 жени. Мексиканските власти во 2022 година уапсија лидер на групата во близина на гватемалската граница, додека двајца водачи во 2021 година во Њујорк беа осудени за киднапирање и сексуална експлоатација на деца.

За актуелниот лидер на сектата, Џонатан Емануел Кардон Кастиљо, во 2024 година беше издадена Интерполова потерница.

Поврзана објаваИнтерпол распиша потерница за водачот на Лев Тахор кој престојуваше и во Македонија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни