Македонија

Циклон ни носи дожд и пад на температурите – еве од кога ќе имаме снег!

Циклон ни носи дожд и пад на температурите – еве од кога ќе имаме снег!

Под влијание на циклонска активност од утре (26.11.2015г) до сабота (29.11.2025г) ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа).

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.

Стабилизирање на времето се очекува од недела.

Во Скопје, до сабота времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината повремено врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат над 15 l/m2 за 24 часа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни