Утрово најстудено е во Маврови Анови каде се измерени -1 степен.
Следуваат 0 степени во Лазарополе, 1 Крива Паланка, Крушево, 2 Тетово, Куманово, Штип, Виница, 3 Велес, Прилеп, 4 Скопје-Петровец, Кавадарци, Демир Капија Струмица, Битола, 5 Гевгелија, Охрид, Берово, Претор.
Најмногу дожд имало во Струмица каде биле измерени 50 l/m2.
34 l/m2 има во Пожар, 25 Гевгелија, 21 Демир Капија, 20 Битола, Штип, 19 Крива Паланка, Попова Шапка, 18 Берово, 16 Претор, Пожаране, 15 Виница, Крушево, 14 Маврови Анови, Тетово, 13 Лазарополе, 10 Тополчани, 6 Скопје-Петровец, Кавадарци, Прилеп, 4 Велес, Куманово.
Облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.