Македонија

ВМРО-ДПМНЕ најавува протести и блокирање на институции поради „Рекет“

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека е можно да организираат демонстрации, протести, маршови, можеби блокирање на улици, блокирање на Парламентот, поврзано со случајот Рекет.

Во интервјуто за Радио Слободна Европа, кое ќе се емитува во недела, генералниот секретар на опозициската партија Игор Јанушев, вели дека ниту една опција не е исклучена, а одлуката какви чекори ќе бидат преземени ќе ги донесат Извршниот и Централниот комитет на партијата.

-Ниеден начин на делување мислам на демонстрации, протести, протестни маршови, можеби блокирање на улици, блокирање на Парламентот, блокирање на институциите, значи буквално секој оној демократски начин на делување во моментов не се исклучува. Секако дека највисоките тела и органи на партијата, тука пред сè мислам на извршниот и на централниот комитет во следниот период ќе заседаваат и ќе одлучиме кој е најдобриот начин на делување за конечно симнување што е можно побрзо на оваа криминално-рекетарска влада”, вели Јанушев.

Повеќе на оваа тема на Радио Слободна Европа

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни