Балкан

Чесна сестра избодена со нож во Загреб

Чесна сестра избодена со нож во Загреб

Во Загреб, денеска попладне, една чесна сестра била нападната и, според првичните информации, таа била повредена со остар предмет, потврдија од загрепската полиција.

Таа веднаш била пренесена во болница во Загреб, каде што е на лекување. По приемот на пациентката, болницата ја информирала полицијата за сè. Од Полициската управа во Загреб потврдија дека добиле пријава за повредено женско лице.

Засега нема поофицијални информации за околностите на нападот, мотивите или сериозноста на повредите, а истрагата е во тек.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни