Македонија

Минусни температури утрово во Македонија, еве каде беше најстудено!

Минусни температури утрово во Македонија, еве каде беше најстудено!

Студено утро ја разбуди земјата, со минимални температури кои на поединечни места се спуштија и под нулата. Најниски вредности од -1 степен се измерени во Маврови Анови, Лазарополе и Пожар. Нулата ја бележат Пожаране и Крушево, додека 1 степен регистрираа Крива Паланка. Температура од 2 степени имаше во Претор, Охрид, Тополчани, Куманово и Виница. Утрински 3 степени измерија Тетово, Штип, Прилеп, Берово и Скопје – Зајчев Рид, а 4 степени Битола, Велес, Кавадарци, Струмица, Демир Капија и Скопје – Петровец. Највисока минимална температура од 5 степени утрово беше забележана во Гевгелија.

Во изминатите 24 часа до 7 часот наутро, на повеќе локации беа измерени значителни врнежи. Најмногу дожд падна во Демир Капија – 40 литри на метар квадратен, следена од Радовиш со 37 и Гевгелија со 35 литри. Во Штип се измерени 28, во Струмица 19, а во Виница 16 литри. Куманово бележи 15 литри, Кавадарци и Крива Паланка по 13, Попова Шапка 12, Претор 11, а Маврови Анови и Скопје – Петровец по 10 литри. Помали количини дожд се измерени во Берово, Лазарополе, Велес, Пожаране, Битола, Тетово, Крушево, Прилеп и само 1 литар во Скопје – Зајчев Рид и Тополчани.

Според прогнозата, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините и во повисоките места е можно повремено провејување слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а максималната температура ќе се движи меѓу 5 и 11 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви интервали, проследено со умерен северен ветер. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 8 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни