Македонија

21-годишно момче се возело со пиштол низ скопско Јурумлери

21-годишно момче се возело со пиштол низ скопско Јурумлери

Денеска (03.12.2025) околу 08:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вршејќи мотопатролна дејност на ул. „1“ во село Јурумлери, сопреле патничко моторно возило „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(21), во кое како сопатник се превезувал 16-годишен малолетник , двајцата од Скопје.

При извршените проверки, во возилото бил пронајден пиштол „Екол“ и рамка со шест куршуми. Лицата се лишени од слобода. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни