Македонија

Ја присилил на полово дејствие, ја снимал со мобилен телефон, а потоа и упатувал закани и барал да му даде пари – приведен неготинчанец

Ја присилил на полово дејствие, ја снимал со мобилен телефон, а потоа и упатувал закани и барал да му даде пари – приведен неготинчанец

На 06.12.2025 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.М.(29) од Неготино, постапувајќи по пријава од 41-годишна жена од Скопје дека на 02.12.2025 во стан на подрачјето на Центар ја присилил на полово дејствие, при што снимал со мобилен телефон, а потоа и упатувал закани и барал да му даде пари за да не го објави видеото на социјални мрежи.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни