Паднат семафор е регистриран денес во централното подрачје на Скопје, токму спроти Фонтаната во Градскиот парк.
Семафорскиот столб, кој го регулира сообраќајот и пешачкиот сообраќај се урнал и лежи на пешачкиот премин, но може да се забележи дека се уште истиот работи.

Истото создава сериозни потешкотии и претставува голем ризик за безбедноста на пешаците кои поминуваат и за возачите.
Дотогаш, граѓаните се повикуваат на зголемено внимание и почитување на правилата за првенство.