Свет

ВИДЕО Нереални снимки од Австралија, погледнете како храбар минувач го запрел напаѓачот, му го грабнал пиштолот и почнал да пука кон него!

ВИДЕО Нереални снимки од Австралија, погледнете како храбар минувач го запрел напаѓачот, му го грабнал пиштолот и почнал да пука кон него!

Австралиската полиција издаде итно предупредување до граѓаните да ја избегнуваат познатата плажа Бонди во Сиднеј по вооружениот напад во кој загинаа најмалку десет лица, вклучувајќи и еден полицаец.

Според полициските извештаи, целта на нападот бил празник Ханука, а според прелиминарните информации, нападот можеби бил планиран со месеци однапред.

https://twitter.com/Partydonkey2/status/2000123137703416285
https://twitter.com/ModernMazdoor/status/2000130893373940121

На местото на настанот се испратени повеќе од 30 екипи за итни случаи, вклучувајќи и специјални хеликоптерски единици. Плажата и околината остануваат блокирани, а на жителите им се препорачува да ги следат упатствата на надлежните органи.

Од местото на настанот пристигнуваат сè повеќе снимки, вклучувајќи една на која се гледаат полицајци како им пружаат итна медицинска помош на напаѓачите.

Во меѓувреме, се појави видео на кое се гледа како локален жител запира еден од напаѓачите.

https://twitter.com/ConservativeeAu/status/2000128258718015693
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни