Полицијата на нов Јужен Велс потврди дека 16 лица се убиени, вклучувајќи еден напаѓач, во пукотница на плажата Бонди во Сиднеј.
Вториот напаѓач е во критична состојба.
Напаѓачите се татко и син.
40 лица се повредени. На плажата Бонди се одржуваше настан по повод првиот ден од еврејскиот празник Ханука. Нападот е официјално прогласен за терористички инцидент.
Бери, кој присуствувал на настан за Ханука на плажа, го опишал пукањето за Би-Би-Си.
Тој рекол дека бил на настанот со своите деца кога се слушнале истрелите. Тој рекол дека двајца мажи биле на мост и почнале да пукаат во толпата.
„Имаше тела на земја“, рекол тој.
Тој и неговите деца успеале да избегаат, одишле во автомобилот на пријател и избегале со голема брзина. Тој рекол дека е неверојатно што вакво пукање може да се случи на еврејски настан во Австралија денес.