Двајца родители пријавиле во СВР Битола дека нивните малолетни синови биле физички нападнати од соученици.
Првата пријава била поднесена на 23 ноември во 16:30 часот од 48-годишна битолчанка.
Според пријавеното, нејзиниот син бил нападнат околу 11:40 часот додека бил на училиште, по претходна расправија со соученик.
Истиот ден, во 18:45 часот, 45-годишен битолчанец пријавил дека и неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Полицијата презема мерки за расчистување. Во билтенот не е прецизирано дали двете пријави се однесуваат на ист настан.