ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.С.(25) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и против Ѓ.Н.(42) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.
Во близина на кичевското село Другово, полициски службеници запреле патничко возило „мерцедес“, во кое пријавените се превезувале, при што забележале како С.С. од прозорецот фрлила марихуана, која претходно ја набавила од Ѓ.Н..
Исто така, при претрес во возилото, била пронајдена и одземена марихуана.