Балкан

Рама повторно постави столчиња за дијалог со студентите, но тие повторно беа искршени

Рама повторно постави столчиња за дијалог со студентите, но тие повторно беа искршени

Новите столчиња што албанскиот премиер Еди Рама утрово ги постави како повик за дијалог со студентите кои протестираат, повторно беа искршени. Со овој потег, Рама уште еднаш се обиде да ги повика демонстрантите на разговор, откако претходниот ден дел од нив ги оштетија столчињата и ја одбија понудената средба.

Рама порача дека правото на протест е неприкосновено, но дека уништувањето имот претставува кривично дело за кое ќе следуваат законски и финансиски санкции.

Албанскиот премиер нагласи дека незадоволството и поплаките треба да бидат причина за дијалог, а не за продлабочување на тензиите и предизвикување инциденти.

Според него, постојат многу причини поради кои граѓаните можат да бидат незадоволни и да протестираат, но ниту една од нив не го оправдува насилството. Тој порача дека останува подготвен за разговор и со оние кои имаат поинакви ставови од владата.

Рама истакна дека барањата за подобрување на состојбите треба да се решаваат преку институциите, со конкретни предлози и соодветно насочување на буџетските средства.

Тој упати и директен апел до младите да се оградат од инцидентите, предупредувајќи дека секој што ќе учествува во уништување јавен или приватен имот ќе мора да преземе одговорност за предизвиканата штета.

„Слободата на протестирање завршува таму каде што започнува слободата и безбедноста на другите граѓани“, порача Рама, повикувајќи на мирно изразување на незадоволството и решавање на проблемите преку дијалог.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни