Балкан

Грчката влада ги покани поделените земјоделци што протестираат на преговори

Грчката влада ги покани поделените земјоделци што протестираат на преговори

Грчката влада денес ги покани земјоделците на преговори, по иницијатива на 18 групи демонстранти и задруги за започнување дијалог.

Портпаролот на владата, Павлос Маринакис, рече дека е охрабрувачки што се повеќе претставници на земјоделците што протестираат ја препознаваат потребата од дијалог, додавајќи дека решенијата можат да дојдат само од искрени разговори, објавува „Катимерини“.

Маринакис изјави дека владата ги повикува земјоделците на преговори уште од самиот почеток и истакна дека повеќето од нивните барања веќе се решени преку неодамнешните мерки, со исплата на надоместоци според планот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни