Најавен како спектакл досега невиден во овој регион, новогодишната претстава со дронови што требаше да се изведе на небото над Стариот град во Будва заврши со целосно фијаско.
За време на претставата, се појави технички проблем, поради што дроновите паѓаа еден по друг, пред голем број собрани граѓани. Според достапните информации, околу 600 дронови се урнаа во морето и на платото пред Капетанија, а снимки од хаосот набрзо се појавија на социјалните мрежи.
Новогодишње дроновање, Будва.
— Бане Комненов Вујадиновић (@vojvodakucki) January 1, 2026
"Нешто им се сјебало, изгледа Ђука"
Ко им је ово радио pic.twitter.com/kC0SQgEGT5
Будванската полиција потврди за Vijesti.me дека синоќа спровела истрага на лице место и за сè го информирала Основното државно обвинителство во Котор. Како што наведоа, во инцидентот нема повредени. Според неофицијални информации, имало голема материјална штета што може да изнесува неколку стотици илјади евра.
На претставата со дронови му претходел огномет
Точната причина за инцидентот сè уште не е позната. Властите сè уште официјално не ги коментирале причините што доведоа до дефект и масовно паѓање на дроновите, а ниту Туристичката организација ниту Општина Будва не дале одговори.
Pobjeda.me пишува дека не е исклучена можноста за намерно предизвикување на несреќата, вклучително и употреба на некаков вид на прекинувач, но овие сомневања сè уште не се потврдени. На новогодишната претстава со дронови ѝ претходеше огномет, а настанот што требаше да биде еден од централните моменти на новогодишната ноќ во Будва заврши со разочарување за публиката.
Според снимките од социјалните мрежи, дроновите се искачиле на висина од неколку десетици метри, по што речиси истовремено почнале неконтролирано да паѓаат на земјата и во морето, што за среќа поминало без сериозни последици.