Македонија

Дожд низ цела Македонија, снег на планините – температури до 13 степени

Дожд низ цела Македонија, снег на планините – температури до 13 степени

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни