Свет

Израел му постави на Хамас ултиматум од 60 дена за разоружување

Израел му постави на Хамас ултиматум од 60 дена за разоружување

Израел денес соопшти дека палестинската група Хамас ќе добие ултиматум од 60 дена за разоружување.

„Хамас ќе мора да го предаде целото своето оружје, вклучувајќи и пушки“, изјави израелскиот секретар на кабинетот Јоси Фус на конференција во Ерусалим, пренесува Анадолија.

Фус додаде дека периодот од 60 дена го побарала американската администрација.

„Ние тоа многу го почитуваме“, рече тој.

Не потврдувајќи точно кога ќе започне ултиматумот, Фус истакна дека тој би можел да започне со состанокот на Мировниот одбор на американскиот претседател Доналд Трамп на 19 февруари.

„Ќе го оцениме тоа. Ако успее, одлично. Ако не, тогаш IDF (војската) ќе мора да ја заврши мисијата“, рече Фус.

Немаше директни коментари од Хамас или Вашингтон во врска со израелската изјава.

Спогодбата за прекин на огнот, која ја поддржуваат Соединетите Американски Држави, е на сила во Газа од 10 октомври, со што беше запрен двегодишниот конфликт во кој од октомври 2023 година загинаа повеќе од 72 илјади лица, а над 171 илјада беа повредени.

Втората фаза на спогодбата за прекин на огнот започна средината на јануари и вклучува одредби за разоружување на Хамас и други палестински фракции во Газа.

Хамас ги одби повиците за предавање на оружјето, предлагајќи наместо тоа да се складира или замрзне.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни